Де Геа ќе го пропушти мечот со Ливерпул!?

twitter.com/MirrorFootball

Шпанскиот голман Давид Де Геа се здоби со повреда на мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство во Стокхолм против Шведска.

Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед после судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг беше заменет во 60. минута од Кепа Аризабалага.

Според „А Бола”, Шпанецот може да го пропушти следниот дерби натпревар од Премиер лигата против Ливерпул закажан за 20 октомври.

Селекторот на Шпанија, Роберт Морено соопшти дека голманот нема посериозна повреда.

– Де Геа против Швеѓаните имаше неколку фантастични одбрани. За време на паузата, тој одлучи дека може да продолжи, но мораше предвреме да го заврши мечот, бидејќи има мало истегнување на мускул – вели Морено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот