Де Геа останува во Манчестер јунајтед – Слободен печат
СпортФудбал

Де Геа останува во Манчестер јунајтед

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Геа еден од најдобрите играчи на тимот се очекува да потпише нов договор, пренесува британскиот „Скај спортс“.

Неделната плата која шпанскиот чувар на мрежата на Јунајтед Де Геа ќе ја задржи на „Олд Трафорд“ изнесува меѓу 390 и 420.000 илјади евра.

На тој начин, Шпанецот се очекува да биде најдобро платениот голман на светот. Преговорите околу продолжување на соработката траат околу една година, а двете страни успеале да се договорат.

Важечкиот договор на голманот со „црвените ѓаволи“ му истекува на крајот од наредната сезона.

Дојде во Јунајтед пред осум години, оттогаш четири пати бил избран како најдобар играч на екипата во сезоната.

Има досега вкупно 362 официјални натпревари за клубот, а на 39 мечеви го носел дресот на најдобрата шпанска репрезентација, иако имаше критики поради слабите настапи на СП во Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close