Де Брујне размислува за трансфер во Реал Мадрид

фото: UEFA.com

Белгискиот репрезентативец одлучил доколку суспензијата на Манчестер сити остане на сила, тогаш тој ќе инсистира на трансфер во „кралскиот“ клуб.

Белгискиот магазин „Sport/Fut“ наведива дека блиските пријатели на Де Брујне се сомневаат дека тој ќе остане во Манчестер сити, и дека тој размислува за трансфер во Реал Мадрид.

Според трансфермаркт, Кевин Де Брујне вреди 150 милиони евра, и е втор највреден фудбалер на „граѓаните“ по Рахим Стерлин кој се проценува на 160 милиони евра.


Магазинот исто така наведува дека Реал Мадрид е идеален тим за белгискиот репрезентативец бидејќи „кралевите“ се наоѓаат во транцизија, целиот тим треба да се смени до наредното лето, а според експертите Де Брујне идеално би се вклопил во играта на тимот.

Адутот на Манчестер сити е жалбата во Судот за спортска арбитража и доколку го добијат спорот со УЕФА, ќе им биде укината суспензијата за настап во Лигата на шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола за ниту една цена тогаш нема да се согласи на продажба на одличниот играч за врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот