Де Брујне: Не жалам што Манчестер сити не успеа да го ангажира Меси!

twitter/Premier League

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне не жали многу за тоа што „граѓаните“ не успеаја да го донесат Лионел Меси.

Аргентинецот после шпекулациите за негово заминување од Барселона летово, најмногу се поврзуваше со трансфер во клубот „Етихад“, но на крајот донесе одлука да остане на „Камп Ноу“.

Каталонците не го пуштија својот играч (кој има договор до крајот на сезоната) за помалку од 700 милиони евра, колку што изнесува клаузулата.

twitter/Deportes RPC

– Навистина не ми е гајле. Да дојдеше, секако ќе ни помогнеше, бидејќи според мене е најдобриот фудбалер на сите времиња, но јас никогаш не размислувам во стилот на „што доколку“. Мислам дека имаме прилично добар тим, би било глупаво да се шпекулира сега што ќе се случеше доколку некој дојдеше – рече 29-годишниот Белгиец, де Брујне.

Де Бруин, официјално најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона, соработува со менаџерот Пеп Гвардиола веќе четири години.

– Неговиот поглед на фудбалот е различен од ставот на многу луѓе. Тој се држи до својата филозофија, кај него постои план „А“ и план „А“, тој нема план Б. На многумина им е тешко да го разберат – чекате некое време нешто да се промени, а потоа сфаќате дека планот „А“ воглавно функционира за нас. Сите веруваме во таа тактика и знаеме што треба да правиме во секој момент – додаде белгискиот интернационалец.

Првиот натпревар во новата сезона од Премиер лигата Сити ќе го игра на 21 септември против Вулверхемптон на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот