Де Брујне го знае идниот клуб: Му кажав да ми чува место во тимот

фото: UEFA.com

Кевин де Брујне игра фантастично за англискиот шампион Манчестер сити, а одличната форма ја потврди и во дресот на репрезентацијата. Тој во победата на неговата Белгија над Шкотска со 0:4 учествуваше со еден гол и три асистенции.

Иако, моментно ужива во настапите за „граѓаните“, Де Брујне размислува за тоа каде ќе игра за неколку години и како реална опција за него, е враќање во татковината. Тој во разговор за англискиот „Сан“ откри дека му порачал на поранешниот соиграч во Сити и во Белгија, Винсен Компани, да му чува место во тимот на Андерлехт.

– Му кажав на Винсен за неколку години да му чува место во Андерлехт откако ќе завршам тука во Сити. Ако то стори тоа, знам која ќе биде мојата идна дестинација – рече Де Брујне.
Кевин де Брујне има важечки договор со Манчестер сити до 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот