Де Бласио: „УС Опен“ ќе се одржи, но без публика!

EPA-EFE/JASON SZENES

Тенискиот грен слем турнир УС Опен се очекува да биде во периодот од 29 август до 13 септември, и покрај новите мерки во Њујорк, според кои сите големи настани во овој град ќе бидат забранети до септември.

За да се спречи епидемијата на коронавирус, надлежните во „големото јаболко” забранија одржување на големи собири, но тоа не важи за „УС Опен“, кој ќе се игра зад затворени врати.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио потврди како гостин на „Си-Ен-Ен“ дека се донесени нови мерки, во обид да се спречи ширењето на инфекцијата.

Надал останува во Европа, не игра на УС Опен?!

Сите големи настани се откажани до септември. Тоа значи дека сите улични саеми, големите концерти на отворено, паради се откажани … Во овој град нема илјадници луѓе, туку стотици илјади. Едноставно не е време за тоа сега – рече де Бласио.

Тенискиот Гренд-слем ќе се организира според редовната програма, исто како и дуелот на познатите њујоршки бејзбол тимови – Јенкис и Метс.

Тоа ќе биде еден од настаните каде ќе има спортски активности што сите ги сакаме, но без публика. Луѓето ќе гледаат на ТВ, ќе ја одржиме традицијата, но исто како и со Јенките и Метс – бејзболот ќе се врати, тенисот ќе се врати, но нема да има публика – додаде градоначалникот на Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот