„ДАВОРИКЕ ДАЈКЕ“ ПОГЛЕД ВО БЛИСКА ИДНИНА

Бев дете кога беше хит една народна песна ‘‘ гурам гурам,… ал‘ нече да уџе, моја нога у ципеле туџе‘‘. Свесен сум за несериозниот начин да се претстави еден модел, но, некако се чини дека нема алтернатива за она што се случува со нашата стварност во делот на влезот во евроатлантските интеграции. Спектакуларноста на поимот ‘‘ HABEMUS DATUM” не значи дека по автоматизам имаме и просветление. Да потсетиме дека Р. Турција преговара, договара, одговара ‘‘ уште од Дедо Ное‘‘! Да потсетиме дека ниту во Словенија ниту во Хрватска не процветаа сеуште рози и дека анкетните ливчиња велат дека поубаво им било во ‘‘Југа‘‘.

Добивањето датум не значи дека ќе престанеме да бидеме ‘‘ Бијафра‘‘! Е-хее, долг е патот.

Овој народ е ‘‘под репресија на депресија‘‘ вели еден пријател. И во право е. Процесите низ кои треба да мине Р.С. Македонија за да биде полноправна членка на европското семејство се долги и макотрпни. Стварноста очајна. Она што мене лично ме загрижува е податокот кој вели дека во процесот на преговори има една поента која вели ‘‘нема краен рок‘‘. Може да се влечеме во ова уште цела деценија. Ќе ни го стават морковот пред нос врзан на стап кој тие ќе го контролираат а ние ќе трчаме во затворен аквариумски круг, додека геополитиката не одлучи што ќе се случува. Тоа подразбира и поим ‘‘ имавме добри намери‘‘ ама ете!,… ‘‘ЈБГ‘‘!

Нашата неспособност да создадеме здрава држава уште долго ќе ја компензираме со лаги!

Народ кој е задоволен со квалитетот на својот живот и функционалност на институциите не се пали на вакви финти. Естаблишментот го очекува уште потешка задача, а тоа е делот во кој треба да му објасни на народот дека не чека уште поголема сиромаштија, тежок од и болна адаптација на европскиот модел со паланачки менталитет.

Со паланачки менталитет, одот кон Европа ќе биде ‘‘патолошка бременост‘‘ и чистилиште.

Дали можеме да сметаме на тоа дека политичките партии по добивањето на датумот за преговори ќе мораат сакале или не, своите политички програми да ги синтетизираат во борба за државни интереси, што под дифолт подразбира дека ќе мора да ги ‘‘приближуваат‘‘ моделите без разлика што борбата за превласт ќе биде беспоштедна? Што подразбира тоа?

Тоа подразбира дека мониторингот на меѓународната заедница нема да дозволува ‘‘ политички варијации на тема‘‘, туку стриктни програми на адаптација кон моделот кои они го наметнуваат. Ќе имаме ли доблест да престанеме да се бавиме со самите себе си и заштитата на сопствената мизерија во корист на конструктивност? Ех, нема да биде лесно да се голтне кнедла која вели нема криминал, корупција, непотизам, нема ‘‘јавашлук‘‘.

Не дека магарето не можеш баш да го научиш да пее, ама, ‘‘јбг‘‘, – гласот му е тој! Магаре е!

Една работа е сепак евидентно позитивна. Ќе имаме некаков правец од кој нема одстапување. Инсталацијата на критериуми кои се со повисок, европски карактер, само по себе ќе мора да изроди едно големо ‘‘чистилиште‘‘ на се она што е залутано во креирањето на политика. Сакале ние или не, ќе треба да и претставиме на Европа реален, а не декларативен квалитет на ментум и корпус. Фигуративно изразено, во таа некоја иднина ( на која е-хее колку ќе се начекаме) нема да има место било кој ‘‘бели мајмун‘‘ да може да ја претставува државата во етерот, во медиумите, во фотељата која не е во нашиот парлаамент, туку европскиот. ‘‘Образот‘‘ на државата ќе треба да го светлат современи, образовани, реално спремни интелектуалци кои треба рамо до рамо да се носат со довчерашните ‘‘ментори‘‘, политички идоли и европски современици.

И, како ќе го смениме нашиот ‘‘Ефенди Цанде‘‘менталитет? ‘‘Алваџиски тефтер‘‘ менталитет?

Па, кој рече дека ќе го смениме!? Единствената разлика ќе биде во тоа што сите ‘‘ефенди Цандиња‘‘ ќе мораат да играат ‘‘ у втора лига‘‘, за потреби на локал демократијата и ќе бидат машинерија која за потреби на султанатите ќе ‘‘глодат‘‘ политичка моќ на пониско ниво. Како иначе на овој менталитет ќе му земеш гласови? Не се секирајте, нема преку ноќ да исчезнат ни античките македонци, а ни словенските ( ‘‘предавничките‘‘). Ниту пак ќе исчезнат албанските бајраци и навивачките ‘‘Комити и Балисти‘‘ со својот колорит на гнаса. Ген си е ген, секогаш ќе си останеме ‘‘Цацко‘‘ со кубурата.

Ни Бугарите престанаа да си бидат Бугари, ни Румуните – Румуни! Ќе се смени само пакувањето.

Круцијалниот проблем на ова наше бедно поднебје е ‘‘недомаќинлукот‘‘ да се стави ред. Како да редот никому не е потребен. Како во една куќа во која ѓубрето не се фрла во канта, туку така си се реди кеса по кеса пред врата. Веќе сме пренатрупани со кеси ѓубре во двор. Се гушиме во смрдеаата ( сопствена) на ферментираниот менталитет чива диоптрија е на ивица на ‘‘перде на очите‘‘.

Што ќе се случи дента по добивањето на датумот за преговори? – ( крастајци ќе се случат)!

Ако дента е Понеделник, ќе се случи Вторник! А веќе во Среда народот ќе се препороди. Милина!

Дали ние полни педесет гонини трчаме ‘‘на Фитнес лента‘‘, стоејки во место и ‘‘драпајки се‘‘?

Албанија оди барабар со нас на ‘‘датум‘‘! Истата земја на која со години и се смеевме дека ‘‘ отаде брегот на Охридсконо езеро‘‘ нема ниту десет светла? Додека се смеевме и уживавме во конфорноста на својата неодговорност други работеа на себе си! Колку ние реално работевме на себе си? Колку ние реално бевме свесни за својата ‘‘ несвесност ‘‘. Дури, не бевме кадри на раскрсницата наречена Македонија да изградиме инфраструктура која во регионални рамки добро ќе ја наплаќафме, Исток – Запад – Север – Југ се ‘‘се сече‘‘ кај нас ДОМА!

Тие со кои ќе преговараме коментираат дека по пат накај Грција нема каде ‘‘да се измочаат‘‘.

Прво што ќе ни речат е ‘‘ еве ви пари напрајте некој ‘‘чоечки клозет‘‘ на автопат. Тој истиот автопат кој во најголем дел е материјал на ‘‘аутопут Братство – Јединство‘‘ со крпеници и ‘‘шминканици‘‘. Ние наместо да подобруваме, го уништувавме и патпт, и ‘‘ братсво-јединството‘‘ и сите чешми крај патот. ( метафора).

Втор пат исто прашање! Што ќе се биде дента по ‘‘датум денот‘‘ кога ќе славиме и бусаме у груди? Кога пола ајвани ќе викаат ‘‘ а бе ја да не бев, ништо од државава‘‘! Циркус!

КРАСТАЈЦИ! ЕМ ПОГОЛЕМИ, ЕМ ПОКРИВИ! ЌЕ СВЕТНЕ ДЕН САБАЈЛЕ, А МОЖЕ И ДОЖД ЌЕ ВРНЕ.

АМА, СЕПАК ИМА ЕДНА ПРИДОБИФКА ЌЕ ИМАМЕ! = ‘‘ ШАНСА‘‘ !

Последна ‘‘ believe me “!…..BELIEVE ME!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот