Давитковски: Владата да ѝ ги одземе ингеренциите на градоначалничката Арсовска и проблемот со блокадите ќе заврши

Проф. Борче Давитковски

Според професорот по управно право Борче Давитковски, решението за проблемот што го снајде Скопје со блокадите на приватните превозници и неможноста на граѓаните слободно да се движат е само едно – Владата да ѝ ги одземе ингеренциите на скопската градоначалнилчка Данела Арсовска во областа на јавниот превоз, да ги склучи потребните договори во дејноста и да ги исплати заостанатите пари на превозниците.

– Така ќе завршат блокадите. Но, гледаме дека немаат намера да ги одземат ингеренциите на Арсовска, нема волја за нешто такво, туку власта на СДСМ го користи проблемот за да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека го создал и така да собира поени. Според мене, овој хаос тешко ќе се надмине. Таков ни е Законот за локална самоуправа, според кој, избран градоначалник никој не може да го смени. Кај нас пратениците и градоначалниците се неотповикливи и тоа е грешка во законите. Можат да заминат од функциите ако сами си дадаат оставка – вели Давитковски за „Слободен печат“.

Во врска уставното правото на протест наспроти уставното право на слободно движење, професорот објаснува дека Уставот вели дека правото на протест се регулира со закон, а ние немаме добар закон со кој еднаш и засекогаш ќе се решат недореченостите за тоа каде смее, а каде не смее да се протестира или блокира.

– Зарем во Лондон некој смее да блокира раскрсници и тоа колку долго сака? Не може. Има определени места за протести и собири. Ние стручните лица имавме еден предлог да се прогласи нулта зона на просторот околу Собранието и никој да не смее да протестра таму, но партиите не се согласија и сето тоа остана недоречено – вели професорот Давитковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот