Давитковски: Уставен со времена мерка може да го стопира законот за локална самоуправа и да инсистира на избори

Photo: Top Tema

Уставниот суд мора да реагира по допрен глас, да донесе времена мерка за стопирање на законот за локална самоуправа и да инсистира актуелната владеачка структура да спроведе регуларни избори за општините во кои градоначалници прават трансфер во извршната власт, изјави професор доктор Борче Давитковски, во Топ тема на ТВ Телма.

Вели дека спротивното е противуставно од два аспекта и може да се реагира за загрозување на правото на граѓаните за локална самоуправа што е, уставно загарантирано право и второ – ретроактивното дејство на законот.

„Прво, согласно уставот, член 114, право е на граѓаните да се организираат во локалните заедници и да избираат свои претставници. Не на политичките партии. Кај нас стана мода политичките партии да го супституираат тоа право што е на граѓаните и да кажат „тоа е наше право“ и сега кажуваат некои бенигни причини – „еве трошоци, ќе чини милион, два милиона евра, граѓаните ќе се малтретирале“. Да се разбереме, секоја демократија чини. Ако е така предвидено, така треба да биде. Тоа е една повреда на уставот, односно правата на граѓаните во локалната заедница се повредени, истакна Давитковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот