6 C
Скопје

Давитковски: Чистката требаше да почне од монтираните процеси, тогаш ќе видевме кој е „сваровски судија“

Добра каписла за реформи во правосудството ќе беше доколку се преразгледаат монтираните процеси, одговори за „Слободен печат“ универзитетскиот професор Борче Давитковски на прашањето дали очекува враќање на довербата на граѓаните во правосудството, особено со најавениот процес на филтрација.

Тој претходно членуваше и во Советот за реформи во правосудството, се додека ова тело не беше под директна надлежност на Владата. Давитковски вели дека сега овој Совет скоро и да нема никакви активности, иако првичниот состав изготвил Стратегија за реформи, која добила и позитивни рецензии од Европската комисија.

-Ние инсистиравме на три нешта: да се поништи Законот за лустрација, да се усвои Закон за политички монтираните процеси и предлагавме Судскиот совет да биде разрешен. Ништо од ова не беше прифатено. Ден денеска стојам на ставот дека е скандал починат човек да се лустрира. Ни велеа дека во спротивно ќе се бара висок надомест за причинета штета. Требаше сите судии од Управниот суд што ги потврдија решенијата на Комисијата за лустрација да бидат разрешени. Додека пак за наместените предмети ќе беа разрешени 40-тина судии поради нестручност и тоа судии од Кривичен, Управен, Апелација, а само мал дел од врховните судии веќе не ја обавуваат судиската функција, изјави Давитковски.

Прочитајте и...  Адеми: Мнозинството има конзистентност и во нашите ставови и во политичкото делување

Професорот додава дека токму преку преразгледување на предметите ќе се видело кој е „сваровски судија“ и судел по налог.

 

 

Поврзани вести

Османи им се заблагодари на гласачите: Историската победа им припаѓа на граѓаните на Косово

Илинка Иљоска

Бурна ноќ за полицијата и инспекторите: Испразнета салата „Јане Сандански“ – 150 навивачи од трибините испратени дома

Мирослава Бурнс

Стефоска: Охрид треба да биде стратешка цел и грижа на сите

Слободен печат

Започна евакуацијата на жителите: Нов силен земјотрес со јачина од 8,0 степени близу Нов Зеланд

Слободен печат

ВИДЕО: Почина пензионираниот владика Атанасије

Илинка Иљоска

Николовски: Не гледам јасен бенефит од графата за етничка припадност

Слободен печат

Остави Коментар