Давитков „удри“ по федерацијата: Јоцо што се замараш со „ОВИЕ“ играчи…!

Јорданчо Давитков/фото: facebook.com/jordanco.davitkov

Денеска претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ потврди дека му е истечен договорот на досегашниот селектор на сениорите, Јорданчо Давитков.

На неформалната средба со медиумите, Антиќ рече дека наскоро ќе биде промовиран наследникот на Давитков и новиот селектор на македонската репрезентација кој треба да ја води во квалификациите за ЕП 2021.

После ваквата потврда на Антиќ, веднаш на својот фејсбук профил се огласи Давитков кој упати критики до сегашното раководство и дека праведно си ја извршувал селекторската функција.

„Размислував дали воопшто вреди да се пишува нешто сега кога се огласија после четири месеци, но бидејќи секогаш сум бил максимално отворен за јавноста, морав нешто да напишам неколку зборови. Се сеќавам пред околу три години кога ми се јавија кошаркарската федерација за селектор, беше време на „SVI JUNACI NIKOM PONIKOSE I U CRNU ZEMLU POGLEDASE“. И нормално јас како и секогаш без калкулации прифатив да помогнам и иако репрезентацијата скоро и да не постоеше почнав да ги собирам играчите и да ја градиме повторно атмосферата и да се обидеме да се вратиме каде што бевме. Беше тешко, недостасуваа за првата акција 7-8 играчи од различни причини, но издржавме сè, полека се комплетиравме и успеавме.

фото: КФСМ

За тоа време разговарав и со Антиќ, бидејќи уште беше играч, да помогне колку може, неговиот одговор беше: „Јоцо што се замараш со „ОВИЕ“ (играчи), оди си во Дубаи на плажа и одморај..И не помогна ни една секунда. За разлика од него јас продолжив да се занимавам со „ОВИЕ“ и од никаде чекор по чекор, собир по собир ја градевме атмосферата и стигнавме на чекор до Европско првенство. Стигнавме до првото место во двете претквалификации и поради тоа бевме во третиот шешир.

Да, се занимавав со „ОВИЕ“, кога никој не СМЕЕШЕ, и нема „ма..ња“ за тоа. И стигнував на собирите патувајќи и по 10.000 километри за неколку дена, стигнував иако поради тоа раскинуваа договори, стигнував и кога по три ноќи по ред спиев во авион, но стигнував за да го направам она за што се нафатив. И иако многу мои пријатели на почетокот ми велеа дека сум луд што го правам тоа, успеав од никаде да ја вратам атмосферата во репрезентацијата, да се комплетираме и да бидеме на чекор до ЕП. Затоа те молам не покажувај дека репрезентацијата и „ОВИЕ“’ се битни за тебе и за федерацијата. Малку подолго сум во кошарката, повеќе од 40 години за да може тоа да се проголта.

Јас секогаш на секоја работа приоѓам чесно и без калкулации и секого може да го погледнам во очи и продолжам со дигната глава, а тоа е НЕПРОЦЕНЛИВО особено кога се поздравуваат со тебе, а им е срам да те погледнат во очи. Се распишував со многу и овиде го кажам само овој сегмент, а има многу за пишување, но мора да се оди и на плажа…На играчите им посакувам многу успех, и да продолажт каде застанавме. А на раководството…Господ гледа сè и враќа“, напиша Давитков на Фејсбук.

принтскрин/фејсбук/Јорданчо Давитков

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот