Давидовски оптимист пред четвртата трка од ТЦР Европа

Македонскиот возач Давидовски ја започна сезоната со многу малери, кои влечат корени од агресивното возење и контакти со противниците во најпрестижната тркачка серија со турнинг возила во Европа.

– Минатата трка во Спа Франкоршамп беше одбележана од инцидент кој ни се случи во првата минута од квалификациите, по што возилото беше оштетено и во трката моравме да стартуваме како последни. ТЦР Европа е кремот на турнинг трките и тука е многу потешко да се стигне до првите 15 места кои освојуваат бодови – вели Давидовски во својата анализа за првиот дел од првенството.

Со тимот „ПСС Рејсинг”, Давидовски успеа да направи и тест на австриската патека во текот на подготвителниот период, поради што е оптимист за претстојната трка.

– На хартија, оваа патека би требало да им одговара на нашите ривали, но ние се радуваме на тоа што го подобруваме познавањето на возилото. Нашиот автомобил нема проблеми со силата на моторот, повеќе време инвестираме да го направиме возлив, бидејќи сепак е меѓу најдолгите, а исто така е позициониран со повисока пропишана висина од страна на организаторите. Поради тестовите во подготвителниот период се надеваме на подобро и побрзо фамилизирање со патеката, што би довело до подобар пласман во квалификациите и конечно освојување бодови, со што би се оправдале сите овие напори да успееме на големата европска сцена – додаде Давидовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот