Давидовски без бодови во  Хокенхајм

Македонскиот натпреварувач во ТЦР (Touring Car Racing), Виктор Давидовски не успеа да освои бодови на трките во Хокенхајм.

Тој на вториот слободен тренинг излета од патеката поради што имаше оштетување на возилото. Сепак, механичарите успеаја да го доведат автомобилот во ред, но недостатокот на кругови од тренинзите се почувствува во квалификациите каде што го освои само 26. место.

На  првата трка, Давидовски напредуваше до 17. место, но на крајот заврши на 19 позиција.

Во втората трка, Давидовски „заглави” зад Бихел, а при обид за престигнување дојде и до контакт по кој македонскиот возач падна на 27. Позиција и се што успеа до крајот на трката беше да стигне до 22. место.

Наредната трета трка од ТЦР Европа шампионатот се вози за две седмици на белгискиот патека Спа Франкошамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот