Давид Бабунски кариерата ја продолжува во Унгарија, потпиша за Дебрецин

фото: dvsc.hu

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Давид Бабунски, кариерата ја продолжува во Унгарија, откако денеска беше промовиран во повеќекратниот шампион Дебрецин.

Бабунски со Дебрецин потпиша двегодишен договор и во следната сезона ќе се обидат да остварат што подобар пласман во унгарскиот шампионат, откако екипата се врати во првата лига.

Бабунски од 2006 до 2016 година беше член на Ла Масија, младинската академија на Барселона, а повремено тренираше и со првиот тим. По заминувањето од Барселона, Бабунски Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани и Виторул Константа. За репрезентацијата на Македонија одигра девет натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот