Давајте иницијативи ние ги слушаме и имплементираме, говореше Заев на Самитот „Македонија 2025“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски, амбасадорката на САД Кејт Брнз и голем број на амбасадори, инвеститори и гости, се обрати на утринската сесија на осмото по ред издание на Самитот на Македонија 2025.

-Владата на Република Северна Македонија интензивно и континуирано работи на креирање на политики кои на нашата бизнис дијаспора ќе и олесни пристап до создавање на нови работни места, а нивниот капитал да го донесат во својата татковина. Впрочем голем дел од нив се впишани и во Националната стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година. Пред нас се последните чекори кои ги преземаме кон полноправно членство во НАТО со што ќе се создаде безбедна економска клима, стабилност и сигурност на вашиот капитал- рече Заев.

Иницијативите кои ги преземавме минатиот викенд со лидерите од регионот, истакна Заев, само дополнително ќе ги зацврснат и олеснат постоечките економски текови и ќе отворат нови перспективи.

-Размената на човечкиот капитал ќе се олесни, ќе се олеснат административните процедури се со цел подобро утре на сите нас. Ве повикувам активно да ги користите сите овие мерки. Бидете креативни, создавајте нови иновативни бизниси. Дојдете дома, кога ги имаме сите услови, треба да работиме заедно со вас, и на младите претприемачи да им овозможиме светла иднина. Имаме пристап до пазар со над 650 милиони само во рамките на Европската унија. Дома сме, а произведуваме за цел континент. Тоа е суштинската придобивка и на патриотизмот и на либералните економски политики- говореше премиерот Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот