Даут Даути: Кога власта во која беше дел самата Беса станала режим?

Даут Даути
Даут Даути/ Фото Facebook Daut Dauti

Откако Движењето Беса застана на страната на опозициските партии за уривање на Владата, а по неуспехот на гласањето за недоверба, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа поднесе оставка. Од друга страна, пратеникот „виновник“ за неуспехот на иницијативата за рушење на владата, Кастриот Реџепи, кој е и потпретседател на оваа партија, ги повика сопартијците да не преземаат забрзани чекори, на штета на структури и активистите на партијата.

Не навлегувајќи во расправа дали опозицијата е во право или не во намерите да ја урне Владата, најчудното однесување во оваа ситуација беше она на Движењето Беса, бидејќи тоа се вклучи во хорот на обвиненијата против „режимот на Заев“, вели за „Слободен печат“, политичкиот аналитичар Даут Даути.

„Кога власта во која беше дел самата Беса станала режим, како можела досега да биде комотна во „режимот“, е суштинско прашање за нејзиното однесување односно приклучување на опозицијата? Секој објективен аналитичар на збиднувањата во албанскиот политички блок ќе рече дека по расколот на Беса, крилото на Билал Касами беше пред „замирање“, но тогаш се случи таа ненадејна коалиција со СДСМ и на нејзина заедничка листа успеа да протне неколку пратеника, кои како што се гледа и од локалните избори, и беа добра основа за преживување. СДСМ дури и на локалните избори беше коректна и не се вмеша во „битката“ меѓу поголемиот и порелевантен фактор за нејзината влада, ДУИ и помалиот партнер, Беса, што на некој начин и овозможи на Беса со гласовите на Алијансата на Села да го добие Тетово“ анализира Даути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот