Датумот за Македонија виси на „француски“ конец

Финското претседателство вечерва треба да ја донесе одлуката за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија. Но, во меѓувреме, како што брифираат високи владини извори, Франција и натаму ќе биде главниот кочничар во целиот тој процес.

Како што објаснуваат нашите извори, Германија инсистира да бидат започнати преговорите во декември годинава, додека, пак, Франција не била задоволна од преговорачкиот процес и бара најпрво да се воведат реформи во самата Унија, а дури подоцна да се размислува за нејзино проширување. Според нашите извори, финското претседателство ѝ понудило нов компромис на Франција, кој исто така бил експресно одбиен.

Имено, Финска предложила на Македонија да ѝ се додели одлука за почеток на преговори, а подоцна да се спроведат реформите, но официјален Париз бара најпрво да се спроведат реформите, а подоцна да ѝ се додели датум на Македонија.

На ваквиот став на Франција се спротивставиле сите земји-членки на Унијата, со исклучок на Холандија која е резервирана по тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот