Датум летово нема, продолжува борбата за почеток на преговори со ЕУ до крај на годината

Ова лето дефинитно нема да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но сепак постои шанса, според едни помала, според други поголема до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конферекција со што и формално ќе почне процесот на пристапување кон Европската Унија, оценуваат познавачите на состојбите по денешната средба на премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики вели дека денешната средба на Заев- Меркел не носи ништо ново во поглед на почетокот на преговорите.

-Одлука за почеток на преговорите дефинитивно нема во јуни, останува да видиме дали ќе има во октомври, по ветената согласност на Бундестагот во септември. Ваквата динамика ја намалува можноста за почнување на преговорите до крајот на годинава. Сепак е најбитно државите членки на ЕУ да постигнат политички консензус за таа одлука, во пакет со Албанија или не, за да може да се продолжи понатаму, со веројатен почеток на преговорите идната година. Од друга страна, нашиот политички врв ќе мора да продолжи со силниот притисок врз државите членки на ЕУ – вели Ристевска – Јодранова.

Во поглед на најавите на премиерот Зоран Заев дека ако не добиеме датум за преговори во јуни или јули ќе го врати мандатот за формирање на влада со можност за предвремени избори, таа вели дека изборите само ќе го ослабнат капацитетот на македонските институции да ја водат оваа борба на надворешен план, а на Владата да го испорача она што го вети на внатрешен план, а можат да бидат вовед во нова политичка криза.

-Иако нервите на сите ни се истенчени од многуте вакви битки и тешките направени компромиси, борбата е на долги патеки. Почетокот на преговорите е само една одлука, иако многу значајна, во процесот на пристапување во ЕУ – вели Ристевска – Јодранова.

По средбата кабинетот на Меркел по средбата со Заев беше испратено кратко соопштение во кое не се наведуваат ниту конкретни одлуки нити конкретни датуми за нивно носење. Од Владата пак имаше многу поголем оптимизам и најава дека до крајот на годината сигурно не почнат преговорите за членство.

Александар Јаваноски од Хелсиншкиот комитет вели дека реално е да очекуваме следната недела Советот на министри да донесе заклучок во кој ќе го констатира напредокот на земјата и ќе препорача почеток на преговори.

-Се гледа дека има политичка посветеност  на сите парнери да се донесе заклучок во јуни и потоа очекуваме септемрви и октовмри одлуките да поминат во парламентите на земјите членки. Добар сигнал ќе биде ако ЕК почне технички да се подготвува за почеток на преговорите. Позитивно за земјава е и тоа што холандскиот парламент донесе одлука да ги одвои процесите  за Македонија и за Албанија, бидејќи Албанија не може да очекува датум годинава  – вели Јованоски.

Тој потенцира дека Владата мора во најкус можен рок да ја објави преговарачката структура и преговарачкиот тим кој ќе ги води преговорите.

-Ние цело време бараме поддршка од членките не ЕУ, а никако да ја завршиме нашата работа. Мора итно да се објави преговарачката  структура и преговарачкиот тим. Тоао ќе биде сигнал дека земјата е спремна и технички да ги почне преговорите. За Заев е важно да го одржи ветувањето за реконструкција на владата – вели Јованоски.

Што се однесува до домашните задачи што треба да се завршат е што побрзо решавањето на статусот на СЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот