Даштевски: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто

Александар Даштевски/ фото: Архива на Слободен печат

Излезноста на гласачите до 13:00 на Локалните избори е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Податоците на ДИК се од 2519 гласачки места односно 72,39 отсто. На гласање излегле 237 476 гласачи.

Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.

Едното е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.

Даштевски информираше дека на 11 места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми.

-Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа, соопшти Даштевски.

Претседателот на ДИК рече дека направен бил увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач. ДИК упатила упатство на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

Даштевски уште еднаш ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на Локалните избори.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот