Даштевски: Двесте терминали за читање отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од „Дермалог”

Двесте терминали за читање на отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од компанијата „Дермалог” од Германија во Скопје, а откако ќе поминат сите царински формалности, најверојатно, во понеделник апаратите ќе бидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК), каде треба да биде извршено нивно примопредавање, изјави за МИА претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Откако терминалите ќе пристигнат во земјата, инжинери пратени од „Дермалог” ќе извршат обука за ракување со нив, а потоа таа обука ќе биде вметната и во планот за едукација на ДИК.

Даштевски е дециден дека се ќе биде подготвено за локалните избори закажани за 17 октомври бидејќи има два месеци до изборите.

На локалните избори во земјата првпат гласачите ќе се идентификуваат со вчитување на отпечаток од прст. За набавка на терминалите, како и целокупниот систем и нивното одржување за следните четири циклуси е потпишан договор со германската компанија Дермалог.

До први октомври во земјата сукцесивно треба да пристигнат нарачаните 4000 терминали за изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот