Дарвин Хам е новиот тренер на ЛА Лејкерс

Дарвин Хам ќе го тренира Леброн Џејмс следната сезона/ фото: EPA/LYNN BO BO

Актуелниот помошник на Мајк Буденхолзер во Милвоки бакс, Дарвин Хам ќе биде новиот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, објави новинарот Адријан Војнаровски, кој ретко греши кога станува збор за трансферите во НБА лигата. Тој доаѓа на местото на Френк Вогел кој доби отказ иако пред сезони со лејкерси ја освои титулата.


Хам на интервјуто ја импресионирал управата на ЛА Лејкерс која се одлучила токму на него да му даде шанса да ја предводи екипата од следната сезона иако во конкуренција за тренерското столче бил и поранешниот тренер на Портланд, Тери Стотс.

Дарвин Хам веќе има работено во ЛА Лејкерс како помошник тренер и тоа од 2011 до 2013 година, а потоа работеше како асистент на Мајк Буденхолзер, прво во Атланта хоукс, а потоа и во Милвоки со кого минатата сезона ја освои шампионската титула.

ЛА лејкерс иако важеше за еден од главните фаворити за титулата сезонава, не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот и тоа го чинеше отказ тренерот Вогел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот