Дарко Панчев: Пандемијата ќе ја победиме со дисциплина

Фото: Хелоу.рс

Легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев, за клупскиот сајт на Црвена звезда зборува за пандемијата на коронавирусот.

Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Децата се малку понервозни од нас постарите. Засега сме дисциплинирани, мора да бидеме такви бидејќи оваа болест е тешка. Потребно е да се слушаат препораките на надлежните органи и да се почитуваат правилата насекаде, како во Скопје така и во Србија.

Експертите велат дека најдобра преценција од коронавирусот е токму изолацијата, и поради тоа ја почитувам максимално оваа препорака. Верувам дека со дисциплина можеме да го победиме тоа што сите не погоди – вели Панчев за клупскиот сајт на Црвена звезда со која 1991 година триумфира во Купот на европските шампиони, а подоцна и во Интерконтиненталниот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот