4 C
Скопје

Дарко Ѓукиќ ќе биде  наследникот на Чупиќ во Вардар

Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ на крајот од сезоната ќе го напушти Вардар и се сели во ППД Загреб, а негов наследник во „црвено-црниот“ тим ќе биде Дарко Ѓукиќ.

Ѓукиќ има искуство од играње во македонскиот шампионат бидејќи во сезоната 2014/15 настапуваше за екипата на Металург.

Десното крило поради финансиските проблеми на тимот од Автокоманда остана само една сезона по што се пресели во Бешикташ. Таму играше една година и потоа направи трансфер во Киелце за кого настапуваше до 2018 година. Потоа две сезони играше за Мешков Брест, а минатата ја одигра во дресот на Спортинг Лисабон .

Иван Чупиќ кој моментно со хрватската репрезентација настапува на Мундијалот во Египет, по пет сезони и две освоени титули во Лигата на шампионите одлучи да потпише за ППД Загреб.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Неверојатната тројка на Димитријевиќ во изборот на ФИБА!

Поврзани вести

Соборен 27 години стар светски рекорд во сала

Слободен печат

ВИДЕО: Фановите на Интер со огномет и порака на кирилица го пречекаа Дејан Станковиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Сити и Реал поблиску до четвртфиналето во ЛШ

Слободен печат

ВИДЕО: Абрамович има нова играчка вредна 500 милиони евра

Слободен печат

ВИДЕО: Кога Меси игра, Барселона победува

Слободен печат

ВИДЕО: Лига на Европа: Покер на Тотенхем против Волфсбергер

Слободен печат

Остави Коментар