„Дара“ пустоши низ Европа, илјадници домови во Ирска, Англија и Велс останаа без струја

Фото: Принтскрин

Силно невреме ја зафати Европа, а милиони Британци се предупредени да не ги напуштаат своите домови поради ударот на бурата „Дара“, која претходно ја погоди Ирска. Според британските медиуми, илјадници луѓе останале без струја по првиот удар на невремето.

Метеоролошката канцеларија издаде предупредување за опасност по живот заради силните ветрови во утринските часови, со „значително нарушување“ кое се очекува денеска во поголемиот дел од велшкиот брег и делови од југозападна Англија.
Три милиони луѓе во опасните зони добија итно предупредување на своите мобилни телефони да избегнуваат возење и да останат во затворени простории.

Лондонската полиција соопшти дека бурата „Дара“ може да донесе налети од ветар до 145 километри на час. Црвеното предупредување е едно од деветте предупредувања во сила овој викенд, вклучително и две портокалови предупредувања за ветер.

Невремето  веќе предизвика големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Според извештаите од Националната мрежа, повеќе од 12.600 домаќинства во централна и југозападна Англија, како и повеќе од 20.000 домаќинства во Велс, останале без струја. Исто така, на веб-страницата на дистрибуција на електрична енергија на Северна Ирска, се наведува дека тие во моментов не можат да проценат кога би можело да продолжи снабдувањето со електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот