Дара Бубамара – Не завршив школо, но јас сум ѕвезда и ми се може! (ФОТО)

Откако изјави дека нејзиниот син не оди во „сељачките државни училишта со глупавите љубоморни деца“, српските медиуми одлучија да проверат во кое училиште завршила српската турбо фолк пејачка Дара Бубамара.

Иако по првата вест на Инстаграм реагираше со посмирен тон, па кажа дека „немала намера никого да повикува или омаловажува“, се чини дека на Дара и засметало тоа што медиумите ја потсетија дека поради пеењето морала да го жртвува редовното школување и вонредно завршила средно сообраќајно училиште.

По овие вести на Инста Стори објави порака до медиумите (која во меѓувреме ја избриша) во која ги нарекува багра и во која пишува дека не завршила никакво училиште, но дека е голема ѕвезда и едноставно и се може.

принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот