Дара Бубамара на роденденот на Јелена Карлеуша се појавила со „мечка“ од 150.000 евра (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Дара Бубамара (44) беше една од гостинките на 42. Роденден на Јелена Карлеуша, која поп-ѕвездата го прослави на 17 август, во својата нова вила.

Бубамара на прославата дошла во тесен црн фустан, високи потпетици, но малкумина гледале во неа, бидејќи погледите ги привлекол нејзиниот „мерцедес“ од 150.000 евра.

Пејачката автомобилот го купила на крајот од 2019 година, но како што се зборува, таа не ја платила сумата која ја напишавме, туку дава месечна рата.

Имено, автомобилот е земен од Тони Бијелиќ, сопругот на Драгана Мирковиќ, кој на многумина од естрадата им изнајмува и им продава автомобили.


Тоа значи дека тие месечно му плаќаат договорена сума, а потоа автомобилот да му го вратат, да земат друг, па да плаќаат нова договорена сума.

Секако, цената која ја плаќаат на месечно ниво, зависи од квалитетот на автомобилот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот