Данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, пристигнуваат во Скопје!

Првата најава за овогодинешното издание на ЗДРАВО МЛАДИ доаѓа со данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang.

Фестивалот кој веќе една декада го става Скопје на мапата на светските прогресивни музички случувања почнува со припреми за јубилејното 10-то издание.  Изминативе 9 лета поминати заедно имавме шанса да ги слушнеме најактуелните имиња на музичката сцена, а лани официјално се отвори новата летна сцена – МКЦ парк во која совршено се вклопи прогресивниот музички крик – ЗДРАВО МЛАДИ. Единствениот скопски летен фестивал оваа година ја закажува средбата на 27 август!

Првата најава за овогодинешното издание на ЗДРАВО МЛАДИ доаѓа со данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang. Бендот го сочинуваат 3 пријатели од детството: Mads Brauer, Casper Clausen и Rasmus Stolberg. Седум години по последното студиско издание, бендот се враќа во студио и го издава петтиот албум насловен Altid Sammen, кој критиката го прогласи за најдобар досега. Периодот на транзиција, проследен со големи авантури и креативно истражување, резултира со албум кој е смел и амбициозен, но сепак ангажиран на примарно и емотивно ниво. Албумот Altid Sammen не отстапува од експериментирање, што е заштитен знак на бендот уште од нивниот деби-албум. Крајниот резултат од сите овие патувања, сите овие експерименти, е најдобрата музика во кариерата на Efterklang.

Наскоро следува најава и за нови изведувачи на фестивалот.

Earlybird билети по цена од 500 денари се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот