Данскиот селектор не знае што го снајде во Скопје

За данскиот селектор Николај Јакобсен се бесмислени приказните дека Данска намерно загубила од Франција на ЕП/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен не можеше да верува дека неговата репрезентација која е актуелен светски шампион, вечера беше комплетно надиграна од Македонија. Ракометарите предводени од новиот селектор Кирил Лазаров ја совладаа Данска со 33:29 и направија голем исчекор кон пласманот на ЕП 2022.
Јакобсен вели дека тој и неговите ракометари не ја потцениле Македонија, но и дека не очекувал вакво издание на противникот.

– За вакво нешто не бевме подготвени, ниту пак очекувавме дека може да ни се случи ваквата работа. Направивме премногу грешки во нападот, а потоа и промашивме премногу шутеви, за да можеме да победиме денеска овде. Немаше потценување, не дојдовме во Македонија со кренати носеви. Сепак, она што очекував да го одиграме, не го видов на теренот. Имам голем број на натпревари како селектор, ова дефинитивно ми е еден од оние кои нема да ги паметам по добро – изјави Јакобсен.

Некоја нова Македонија, совладан светскиот шампион на селекторското деби на Лазаров

Лазаров: Среќен и горд сум, но цврсто стојам на земја

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот