Данскиот парламент усвои нов данок на јаглерод

Дански парламент Данска
Фото: EPA-EFE/Liselotte Sabroe

Данскиот парламент усвои нов данок на јаглерод, највисок во Европа, кој треба да го плаќаат компаниите во европскиот систем за тргување со емисии и оние надвор од него, објави владата.

Владата смета дека новиот данок е клучен за постигнување на амбициозната цел за намалување на стакленички гасови за 70 отсто до 2030 година од нивото од 1990 година.

„Ова е досега најголемиот единствен придонес за намалување на емисиите до 2030 година“, рече во изјавата министерот за даноци Јепе Брус.

До крајот на деценијата, компаниите во европскиот систем за лиценцирање ќе плаќаат 1125 дански круни за испуштен тон јаглерод диоксид. Износот ќе се состои од 375 круни данок и проектираните трошоци за дозвола за испуштање на тон јаглерод диоксид во 2030 година од 750 круни.

Компаниите кои користат минерали во производството, како што е производителот на цемент Алборг Портланд, најголемиот загадувач меѓу компаниите во Данска, ќе плаќаат данок од само 125 круни над цената на дозволата за да го спречат производството да оди во странство. Компаниите надвор од трговскиот систем за лиценцирање ќе плаќаат данок од 750 круни.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот