Данскиот државен врв одби да му пружи рака на Помпео, тој не можеше да сфати зошто не се ракуваат (ВИДЕО)

Вашингтон пост целиот инцидент го окарактеризираше како „чуден дипломатски танц“, а многу твитерџии наведоа дека се изгледало крајно непријатно.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во посета на Данска за да дискутира за Кина и активностите на Арктикот.

Меѓутоа, она што најмногу е впечатливо е што бројните официјални лица одбија да се ракуваат со него во екот на пандемијата од коронавирус.

Насмеаниот Помпео прво му пријде на данскиот министер за надворешни работи Јеп Кофод кој ја игнорираше неговата подадена рака и го потапка по рамото.

Потоа, министерот Јенис ад Рана исто така не сакаше со него да се ракува, нудејќи му поздравување со лакт. На крајот Помпео мораше така да се поздрави и со министерот од Гренланд.

Вашингтон пост целиот инцидент го окарактеризираше како „чуден дипломатски танц“, а многу твитерџии наведоа дека се изгледало крајно непријатно.

Прочитајте и...  Во Албанија 795 новозаразени,388 оздравени и 17 починати од Ковид-19

Инаку, Данска забележа повеќе од 13.400 случаи на зараза од коронавирус и имаше околу 613 смртни случаи.

 

Поврзани вести

ВИДЕО: Девојче падна од третиот кат од станбена зграда, сите останаа вчудовидени како се спаси

Илинка Иљоска

Сојузот на здруженија на пензионери апелира да се обезбедат вакцини против грип за пензионерите

Слободен печат

Германски виролог објаснува за короната: Зошто Кинезите трошат многу кондоми, зошто луѓето не требаше да се затвораат дома и како правилно постапи Путин

Слободен печат

ФОТО: На аеродром во Багдад уапсен генералниот координатор на ИСИС

Илинка Иљоска

Поради штрајк граничниот премин Евзони утре ќе биде затворен за сообраќај

Слободен печат

Мицкоски: Разочаран сум и лут од справувањето на властите со пандемијата

Слободен печат

Остави Коментар