Данскиот десничар Палудан повторно го провоцираше муслиманското население

EPA-EFE/PHILIP DAVALI DENMARK OUT

Лидерот на данската екстремна десничарска партија „Цврста Насока“, Расмус Палудан, предизвика тензии откако ја запали и ја фрли светата книга на муслиманите, Куранот, вчера во муслиманската населба Норебро во Копенхаген.

Палудан беше брзо отстранет од страна на полицијата

Муслиманското население остро реагираше на провокацијата со фрлање камења кон полицијата и запалување контејнери додека полицијата употребуваше солзавец кон нив.

Расмус Палуден исто така го запали Куранот на 22 март годинава како знак на протест додека муслиманите ја вршеа петочната молитва пред данскиот парламент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот