Данската фудбалска асоцијација планира да се повлече од ФИФА?!

Данската фудбалска репрезентација/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Данската фудбалска асоцијација е подготвена да започне дискусија за повлекување од ФИФА, откако влегоа во конфликт со врвот на светскиот фудбал околу забраната за носење на капитенската лента „One Love“ (Една Љубов), која требаше да претставува поддршка за членовите на ЛГБТК+ заедницата, чии активности се забранети во Катар.

Данците не се единствените незадоволни од одлуката на ФИФА која се закани дека капитените доколку носат такви бендови веднаш ќе добијат жолт картон. Сега Јакоб Јенсен, директорот на Фудбалската асоцијација на Данска, откри дека ова не е единствената казна што ФИФА ја подготвува доколку некој реши да не послуша.

– На 21 ноември Англија повика на итен состанок со ФИФА, каде беше кажано дека во најдобар случај може да ги казнат капитените со жолт картон и дека постои можност воопшто да не бидат пуштени на теренот или дека ќе бидат суспендирани – рече Јенсен и додаде дека се разговарало дали ФИФА имала право на тоа.

ФОТО: Германците протестираа против цензурата пред натпреварот со Јапонија

– На крајот испадна дека има – додаде Јенсен.

Се огласи и првиот човек на данскиот фудбал, Јеспер Моле кој изјави дека Данската фудбалска асоцијација планира да се повлече од ФИФА и да формира нова асоцијација.

– Наскоро нè очекуваат избори во ФИФА, каде гласаат 211 земји, а Џани Инфантино е поддржан од 207 земји, не вклучувајќи ја Данска – рече Моле.

Да потсетиме, Данска на стартот на СП 2022 во Катар ремизираше против Тунис (0:0), а капитенот Симон Кјаер изјави дека сакал да ја носи лентата „Една љубов“, но дека не сакал да ризикува со жолт картон и подоцна можен црвен, кој би ги оставил неговите соиграчи на цедило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот