Данска воведува здравствена пропусница, два месеци откако ја укина

ковид потврда сертификат
Ковид сертификат / Фото: EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

По речиси два месеци без ограничувања, Данска повторно ќе воведе здравствена пропусница поради наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19, соопшти премиерката.

– Епидемиската комисија препорача Владата да го класифицира коронавирусот како „болест што го загрозува општеството” и повторно да воведе здравствена пропусница. Владата ќе ја следи таа препорака, рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција.

Кон крајот на минатата недела, здравствените власти предупредија на опасноста од „преоптоварување” на болниците поради Ковид-19, грип и други заразни болести.

Вчера петти ден по ред, има повеќе од 2.000 новозразени во Данска, која има 5,8 милиони жители, а 36 пациенти се на интензивна нега.

– Здравствената пропусница же биде задолжителна за влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови. Со корона-пропусница може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт, рече премиерката.

Во Данска, 85,9 отсто од луѓето постари од 12 години примиле две дози од вакцината.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот