Данска ќе инвестира 5,5 милијарди долари во нови воени бродови

 
Данска знаме фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Данска се очекува да инвестира 40 милијарди дански круни (5,47 милијарди долари) во нови воени бродови, бидејќи членката на НАТО се обидува да ја зајакне својата поморска безбедност по руската инвазија на Украина, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

-Како дел од инвестициите што треба да се направат во следните 20-25 години, започна партнерство со индустријата за поморска безбедност во земјата за развој и изградба на нови воени бродови во Данска, рече данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.

-Со рускиот напад во Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од ога било Данска да може да се одбрани, додаде тој.

Данска вети дека постепено ќе ги зголемува трошоците за одбрана на 2 процентни поени од нејзиниот БДП до 2033 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот