Данска ќе ги испорача неискористените вакцини од „Астра-Зенека“ на посиромашните земји

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Данска размислува да ги дистрибуира вакцините против ковид-19 на „Астра-Зенека“ на посиромашните земји откако ја стопира употребата поради загриженост за формирање на појава на тромбози, изјави денеска директорот на Светска здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Данска е првата земја што ја прекина употребата на вакцината против ковид-19 на „Астра-Зенека“, додека европските власти продолжуваат да ги анализираат извештаите за ретката  појава на тромбози по вакцинирањето во земјите-членки а Европска Унија, и во Велика Британија.

СЗО заедно со британските и европските медицински агенции продолжуваат да препорачуваат употреба на вакцината на „Астра-Зенека“, истакнувајќи оти придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците

Официјални лица на СЗО не го критикуваат прекинот на вакцинација со „Астра-Зенека“ во Данска, наведувајќи оти секоја нација треба да биде флексибилна во донесувањето одлуки за своите програми за имунизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот