Данска ќе биде противникот на Македонија во финалето на Европската сребрена лига

фото: cev.eu

Одбојкарската репрезентација на Данска ќе биде противникот на Македонија во финалето на Европската сребрена лига. Данска со 3:1 во сетови и тоа 24:26,25:17,25:11,29:27 ја совлада Унгарија во полуфиналето на завршниот турнир кој се игра во салата „Парк“ во Струмица.
Претходно Македонија во вистински трилер натпревар со 3:2 (15:25,25:19,25:22,21:25,15:12) ја совлада Хрватска.

Унгарците го освоија првиот сет со пресврт откако се вратија од резултат 24:22, но потоа беа немоќни да ги запрат расположените Јенсен, Кјаер и Мадсен, а за одбележување се и блоковите на данските центри коишто вечерва во салата „Парк“ го одиграа најдобриот натпревар сезонава.

Унгарија се обиде да дојде до 2-2 и да се избори и за петти сет, беше блиску до намерата, но откако пропушти пет сет-топки од коишто две во низа, а нивниот најдобар напаѓач Падар не реализираше, Данска заслужено се избори за прво финале во Европската лига. Македонските одбојкари ќе го одиграат четвртото и се надеваат на прво злато, додека, пак, со денешниот триумф, Данска првпат обезбеди медал во престижното натпреварување на ЦЕВ.
Финалето ќе се игра утревечер со почеток од 20 часот, и ќе претставува четврти обид за Македонија да ја освои титулата во Европската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот