Данска ја преживеа драмата со Словенија и закажа финале со Германија

Фото: Sega August, 2024.

Репрезентацијата на Данска вечерва ја совлада Словенија и закажа финале со Германија на Олимписките игри во Париз. Во полуфиналето вечерва Данска славеше победа со резултат 31:30.

Данците многу подобро го започнаа натпреварот и изгледаше дека лесно ќе дојдат до победата, а на паузата водеа и со пет голови разлика (15:10). Водеа и некаде на средината од вториот дел со шест гола, во самиот финиш на семафорот стоеше 31:27. Но, тоа не ги откажа Словенија која направија серија од три гола и се доближи на „минус еден“, а имаа прилика и да изедначат.

Во последните моменти во центарот на вниманието се најдоа судиите Хорачек и Новотни кои не досудија очигледен пенал за Словенците со кој тие можеа да израмнат и да се изборат за продолженија. Ситуацијата се прегледуваше и на снимките, но седмерец немаше.

Најефикасен со шест гола за Данска беше Микел Ландин, додека Бомбач на спротивната страна дојде до седум погодоци.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот