Данска издаде дозвола за гасоводот Северен тек 2

Фото: ekathimerini.com

Компанијата „Северен тек 2“, со седиште во Швајцарија, објави дека ги добила сите потребни дозволи од земјите низ чии територијални води минува истоимениот гасовод, вклучително и дозволата за работа на гасоводот во Данска.

Данската агенција за енергетика (ДЕА) објави дека издала лиценца за работа на таа компанија за гасоводот „Северен тек 2“ под одредени услови поврзани со безбедно работење.

– Пуштањето во употреба може да се изврши само откако барем една од двете цевки на гасоводот го мине тестот, добие потврда и кога ќе се исполнат релевантните услови содржани во градежната и оперативната дозвола”, информира данскиот регулатор.

Компанијата „Северен тек 2“, која е оператор на проектот на овој гасовод, наведува дека во моментот се разгледуваат различни можности за продолжување на поставување цевки.

До денес се завршени 93 проценти од гасоводот „Северен тек 2“ што од Русија минува преку дното на Балтичкото Море до Германија. Изградбата беше запрена на крајот на 2019 година, кога швајцарската компанија за поставување цевки „Олсис“ ја прекина работата поради санкции од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот