Данска ги засилува контролите на границата со Шведска

РСЕ

Данската Влада размислува да ја засили контролата на границата со Шведска откако двајца Швеѓани минатата недела изведоа бомбашки напад врз владина агенција во Копенхаген, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.

– Ќе ја рзгледаме можноста да ја заштитиме нашата граница со Шведска на подобар и попаметен начин – изјави премиерката на прес конференција во Копенхаген, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска данската полиција соопшти дека уапсила 22-годишен Швеѓанец и распишала меѓународна потерница по друг 23-годишен Швеѓанец.

Сомневањата се дека двајцата стојат зад експлозијата пред канцеларијата на данската Даночна агенција во Копенхаген, што беше изведена минатата недела, а во која едно лице беше повредено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот