Данска ги поддржа САД во спорот со Франција за подморниците

Знамето на Данска / Фото: Архива

Данска ги поддржа САД во спорот со Франција околу големиот одбранбен договор во индо-пацифичкиот регион. Премиерката Мете Фредериксен во интервју предупреди да не се претворат „конкретните предизвици, кои секогаш ќе постојат меѓу сојузниците, во нешто што не треба да бидат”.

Франција остро реагираше на договорот меѓу САД, Велика Британија и Австралија. Како резултат на тоа, Австралија го откажа договорот вреден милијарди долари за купување француски дизел-подморници и наместо тоа ќе купи американски подморници на нуклеарен погон. Француската Влада оцени дека е измамена со договорот, и во вторникот ЕУ одлучи спорот да го стави на врвот на својата политичка агенда.

– Знам од искуство дека американскиот претседател Џо Бајден е многу лојален на трансатлантската алијанса, изјави таа. На прашањето дали може да ги разбере француските критики, Фредериксен одговори дека „не може и воопшто не ги разбира”.

– Ова не значи дека Данска се согласува со САД за сите прашања. Рековме дека би сакале да видиме друг вид повлекување од Авганистан. Но, јас воопшто не сум разочаран од новата американска администрација, додаде данската премиерка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот