ФОТО | „Данок за богатите“: Американската политичарка Александрија Окасио – Кортез во елегантен фустан со моќна порака на Мет Гала

Фото: EPA

Александрија Окасио – Кортез го привлече целото внимание кога се појави во фустан со крој на сирена и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Американската политичарка се појави на Мет Гала во елегантен бел фустан со црвен натпис „Данок за богатите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Possibile (@possibileit)

Каква икона“, „АОК се појави во овој фустан на настан полн со богати луѓе. Оваа жена е посмела од било кој во Конгресот“, „Аплауз за испраќање силна порака на Мет Гала“, беа дел од коментарите на социјалните медиуми.

Но, имаше и такви кои покажаа помалку ентузијазам. Имено, некои коментираа зошто таа воопшто се појавила на Мет Гала, настан за кој најевтиниот билет чини 30.000 долари.

Масата на Мет Гала чини околу 275.000 долари, а еден билет околу 30.000 долари. Ако таа толку ги мрази богатите, зошто се појави на настан на кој само најбогатите луѓе во САД можат да си дозволат да учествуваат?“, коментираше еден корисник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandria Ocasio-Cortez (@aoc)

Окасио – Кортез ги коментираше обвинувањата на својот инстаграм-профил.

„Пред да почнете да дивеете, владините претставници на Њујорк редовно се покануваат на Мет Гала да го надгледуваат користењето на јавните културни институции во нашиот град. Јас бев еден од ретките присутни. Фустанот беше позајмен“, објасни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот