Даночните политики на Елизабет Ворен се „голема неволја“ за најбогатите Американци

Фото: EPA-EFE/GARY HE

Финансиските експерти од Волстрит започнаа жестока јавна дебата со сенаторката Елизабет Ворен поради данокот на имот за најбогатите Американци.

Во јавноста последен се огласи инвеститорот и милијардер Леон Копермен, кој идејата на Ворен ја нарече „план за казнување на успехот“, додавајќи дека нејзиниот предлог нема смисла.

– Ако оваа дама победи на изборите, ние ќе се најдеме во голема неволја – коментираше Копермен за Си-Ен-Би-Си.

Сенаторката од сојузната држава Масачусец својата кампања влез во трката за Белата куќа ја основа на проблемот со нееднаквоства во приходите на меѓу американските државјани. За да „пронајде“ пари за проширување на здравственото осигурување Медикер, за „простување на долговите“ на Американците кои ги направиле за студирање и за вложување во инфраструктурата, сенаторката Ворен предложи секој долар на имотите вредни од 50 милиони долари да подложи на данок од два отсто, пренесуваат медиумите.

Предлогот за тоа оданочување е еден од клучните во нејзината кампања за добивање на номинација во демократската партија, за таа да „излезе на мегдан“ со Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година.

Медиумите констатираат дека како што нејзината популарност расте меѓу демократските кандидати, така реакцијата на финансиската индустрија и богатите луѓе во САД е сѐ поголема.

Така, Џејми Димон, извршниот директор на банката J.P.Morgan Chase, минатата недела изјави дека сенаторката Ворен сака да им се „одмазди на успешните луѓе.“ Слично како него размислува и Лојд Бленкфејн, некогашниот прв човек на Goldman Sachs.

Во објава на Твитер на крајот на минатата недела тој банкар рече дека одмаздата за одредената група на граѓани може да биде добра за нејзината кампања, но не и за целата земја. Но, додаде и дека сенаторката Ворен „не е негов кандидат, но може да се услогласат за многу прашања“.

Луѓето кои ја водат кампањата на сенаторката Ворен пак, соодветно реагираат на овие критики. Тие објавија промотивно видео со кое го промовираат данокот на имот, а на неа може да се забележи и фотографија од Леон Копермен со напомената дека регулаторите во 2017 година го обвиниле за тргување на берзата на основа на привилегирани информации, пренсе Б92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот