Даниловски: До лето или до есен во земјава ќе се стекне колективен имунитет

Во своето гостување во емисијата „Само вистина“, епидемиологот Драган Даниловски истакна дека мора да се употребат сите средства за да се дојде до вакцина против ковид-19, сите методи и како што рече, „да се излобира на сите страни”.

Околу наводите за вакциналните пасоши, Даниловски рече ако се воведе такво нешто мора да постои и друга алтернатива како негативен ПСР тест.

– Мислам дека ако се воведе такво нешто тоа би било кршење на човековите права без преседан. Сметам дека нема да дојде до такво нешто односно и да се воведе како алтернативна опција или можност би можело да остане поседување на негативен ПСР тест, нагласи Даниловски.

На прашање во однос на тоа дали може да се очекува стабилизирање на состојбата до летоска, тој истакна дека ако се продолжи со сегашното темпо на природен начин и без вакцини, до летоска, или до есен, во земјава ќе се стекне колективен имунитет што ќе овозможи опаѓање на бројките.

Во врска со дејството на вакцините против ковид-19, Даниловски посочи дека постојат многу теории на заговор, односно дека е распространета фама дека вакцините не делуваат, односно дека некој се вакцинирал и заболел. Појасни дека одредена личност можно е веќе да била заболена, па се вакцинирала, или после првата доза да се „опуштила” и покрај тоа што не бил стекнат имунитет и во тој период да се заразила.

Во врска со тоа што земјава е се уште во фаза на чекање на вакцини, тој рече дека очигледно е оти сиромашните земји, меѓу кои сме и ние, се оставени на цедило.

– Јас не сакам да шекупирам ама секогаш вакви катастрофи можат да бидат интересна почва за исполнување на некои геостратешки цели. Значи евентуално ако некој сака да манипулира во таа смисла, тогаш недостигот на вакцини може да биде многу интересен за постигнување на цели на некои подмолни сили заинитересирани за ова подрачје, рече Даниловски.

Додаде дека неговите предлози биле да се прават карантини за време на викендите, односно во текот на неделата да има олабавување на мерките, а за викендите целосен локдаун.

Пановски: Британскиот сој на вирусот полесно се шири, граѓаните да не се опуштаат и да носат сертифицирани маски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот