Даниловски: Богатите земји ги грабнаа сите количини на вакцините

Фото: Архива на „Словоден печат“

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „24 анализа“ истакна дека сплет на околности е што нема вакцини и дека основен проблем е тоа што на некој начин ние како т.н. сиромашни земји премногу верувавме дека принципот на праведноста и дека солидарност ќе проработи во светот, особено кај богатите земји.

– Видовме дека она што беше планирано со Ковакс механизмот – пропадна, им недостасуваа пари за вакцини. Одбиваа руски и кинески вакцини, не ги одобруваа. Од трета страна оние што беа богати ги грабнаа сите количини, рече Даниловски.

Даниловски рече дека дел од земјите се обезбедиле и со ревакцинација, а ние се потпиравме на солидарност со соседите и со директна набавка и со дректната набавка испадна дека кусокот на вакцини си го направи своето. Тоа беше еден сет на објективни фактори кое си го стори своето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот