Данијела Мартиновиќ отворено за животот: Она што сме го загубиле, со текот на времето станува добивка

Данијела Мартиновиќ/Инстаграм
Данијела Мартиновиќ/Инстаграм

Пејачката Данијела Мартиновиќ си ја отвори душата за животот, животните промени, победите и поразите и искрено говореше за лекциите што ги научила низ годините, заљубеноста низ годините и минливоста на истите…

Мартиновиќ речиси 25 години суверено ја владее хрватската поп сцена, но е миленичка и на балканската публика. Таа со годините изгради респектабилно име, верна публика и носи ведра енергија со своите настапи. Бидејќи и самата е авторка, за неа не е чудно што издаде и две книги, „Дамата што танцува на дожд“ и „Неописливо“.

Токму за животот и сите промени, Данијела зборуваше за магазинот „Story“, особено за љубовта и разочарувањата, но и она што е нејзина срцевина – а тоа се песните, сцената и публиката со која гради прекрасен однос низ годините.

„Многу е тешко да разграничите што е загуба, а што е добивка, затоа што она што нам ни се чини дека сме го загубиле, со текот на времето станува најголема добивка. Исто е и со добивката – со времето може да ја доживееме како загуба. Тоа е едноставно магијата на времето“, откри пејачката која никогаш не изгледала посвежо и поведро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот