Даниjела Димитровска проговори за непријатното искуство со Мика Алексиќ: Не сакав да се вратам таму

Фото: Instagram/ danijeladimitrovska

Манекенката и неодамна водителка Данијела Димитровска во утринска програма, отворено проговори дека во младоста доживеала непријатна ситуација со познатиот драмски педагог Мирослав Мика Алексиќ, пренесува „Блиц“.

Во разговорот во „Јутро на Блиц“, со Југослав Тинтор, кој е адвокат на младата актерка Милена Радуловиќ за судењето против Алексиќ, водителката изјави дека доживеала непријатност на еден кастинг во неговото училиште.

„Само ќе кажам дека имав можност да одам на еден од кастинзите на споменатото училиште кога имав седумнаесет години, не инсинуирам дека се случило нешто слично на ова, туку дека пристапот беше многу непријатен“, рече водителката на телевизија „Блиц“.

По напуштањето на кастингот, Данијела на својот татко му рекла дека никогаш не сака да се врати во тоа училиште.

„Се сеќавам дека излегов од таму, а татко ми ме чекаше, му реков дека не ми се допаѓа ова, не ми се допаѓа како луѓето комуницираат со нас на кастингот и не сакам да дојдам повторно тука. Затоа би сакала да ви се заблагодарам сега овде и да им порачам на сите девојки, момчиња, жени и мажи да ги следат нивните чувства и да видат хероина во Милена и во сите девојки од 21 век , и да ги поддржат на овој начин“, додала таа.

Како потсетување, Алексиќ е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две се со продолжено траење и пет кривични дела за сексуално вознемирување, од кои два случаи се со продолжено траење.

Тој беше уапсен и до септември 2021 година беше во притвор, потоа остана во домашен притвор до март 2022 година, а потоа беше ослободен да се брани од слобода.

Хаштагот #NisamPrijavila со молскавична брзина се шири на Твитер: Жените пишуваат зошто не пријавиле насилство!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот