Даниела Мартиновиќ по разделбата со Петар Грашо со емотивна објава на социјалните мрежи

Instagram
принтскрин

Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо неодамна ставија крај на нивната љубов по 24 години врска…

Неодамна, портпаролката на музичкиот пар Мартина Подгорски во официјална изјава за хрватскиот магазин „Jutarnji list“ откри дека парот веќе не живее заедно.

Крај на 24 годишната љубов: Се разделија Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ

„Вистина е дека Даниела и Петар во последните месеци живеат на одделни адреси, како поради деловни проекти, така и од одредени приватни причини“, истакнала портпаролката на парот.

Иако никој од нив сè уште јавно не ја коментирал разделбата, Даниела продолжи да ја промовира својата нова песна заблагодарувајќи им се на сите за нивната поддршка во посебна објава на својот инстаграм-профил.
Дека љубовта навистина не се откажува, ми покажавте токму вие“, започна таа.

 

Откако излезе песната пред две недели, постојано примам пораки за поддршка. Ви благодарам на сите што ја слушавте, гледавте и ја пеете каде и да сте под ова небо… Ви благодарам 319.626 пати“, напиша Мартиновиќ.

Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо: Повеќе не живееме под ист покрив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот