Даниел Сервер: На 5 мај нека победи најдобриот

Во врска со речиси израмнетиот број на добиени гласови на гласањето во неделата на главните претседателски кандидати, Стево Пендаровски поддржан од владејачката СДСМ и Гордана Силјановска-Давкова, предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот аналитичар Даниел Сервер изјави дека во вистинските демократии изборите се добиваат и се губат.

-Нека победи најдобриот. Затоа постојат избори, да се победи и да се изгуби. Не ја следев кампањата да кажам за способностите на сите кандидати, но ќе го кажам ова: Со голем ентузијазам го поддржувам Договорот од Преспа – изјави Сервер за МИА.

Според него, мноу фактори можат да влијаат на изборната трка на вториот круг закажан за 5 мај.

– Албанските гласачи се еден од факторите и нивните партии треба да ги охрабрат да излезат и да гласаат. Се надевам дека ќе го сторат тоа –  изјави Сервер за МИА.

Сервер е професор на Универзитетот за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс” во Вашингтон и важи за добар познавач на работите на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот