19 C
Скопје

Даниел Митов најверојатно ќе биде номиниран за нов бугарски премиер од партијата ГЕРБ, тврдат бугарски медиуми

Даниел Митов најверојатно ќе биде  номиниран за нов бугарски премиер од партијата ГЕРБ, која доби најмногу гласови на парламентарните избори.Тоа го тврди бугарскиот весник „24 Часа”, повикувајќи се на високи партиски извори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред неколку часа Бојко Борисов при посетата на Велико Трново објави дека нема да биде кандидат за премиер на Бугарија, ниту неговиот заменик и поранешен вицепремиер Томислав Дончев.

Борисов поднесе барање ГЕРБ да избере личност со јасна проевропска и НАТО ориентација. Од 2014 до 2017 година, Даниел Митов, беше министер за надворешни работи на Бугарија. На 6 август 2014 година, Даниел Митов беше назначен од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев за министер за надворешни работи во привремената влада на премиерот Георги Близнашки. Митов ја задржа функцијата во следната влада, во втората влада на Бојко Борисов.

Поврзани вести

Итно ќе се вакцинираат пациентите на дијализа и тие што имале трансплантација

Мирослава Бурнс

Филипче: Во Грција од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

Слободен печат

Октомври е оптимален период за имунизација на 70 отсто од граѓаните, вели премиерот

Слободен печат

Заев: Дијалог може да носи резултати, но не очекувам ништо за 27 април

Слободен печат

Новата фабрика на ЛЕАР во ТИРЗ Тетово ќе отвори до 1 500 нови работни места

Слободен печат

Шахпаска: Во новиот закон за работни односи ќе биде вклучена и формализација на неформалната работа

Слободен печат

Остави Коментар