Даниел Крег нема да им остави наследство на ќерките: Легендарниот Џејмс Бонд ќе се ослободи од богатството пред смртта

Profimedia
Фото: Profimedia

Актерот Даниел Крег откри дека не планира да им го остави огромното богатство на своите деца и дека планира да се „ослободи“ од тоа пред да умре.

Даниел има две ќерки, Ела (29), од првиот брак со Фиона Лудон, а во септември 2018 година, тој доби уште една ќерка со својата колешка и сопруга, Рејчел Вајс. Познатиот актер (53), чие богатство се проценува на 160 милиони долари, рече дека верува дека наследувањето пари е „невкусно“ и дека се надева дека ќе „донира“ поголем дел од своите милиони, пишува „Daily Mail“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Weisz (@_rachel.weisz_)


„Зарем не постои една стара изрека која вели дека ако умреш како богата личност, тогаш не си успеал“, изјавил Крег за списанието „Candis“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Weisz (@_rachel.weisz_)


Мислам дека Ендрју Карнеги (американски индустријалец) даде околу 11 милијарди долари, што само покажува колку бил богат, бидејќи се обложувам дека на крајот на краиштата чувал пари. Но, не сакам да оставам големи суми на следната генерација. Мислам дека наследството е прилично невкусно. Мојата филозофија е да се ослободам од парите или да ги поклонам пред да заминам, истакнал славниот актер кој наскоро ќе се збогува со својата легендарна улога Џејмс Бонд.

Ова лето популарниот актер престојувал во Белград поради снимањето на продолжението на филмот „Knives Out“.

Видео на денот